Отворен сефот на Тито


Државна комисија ги отворила сефовите во Народната банка на Србија, во кои Претседателството на СФРЈ ги оставило сите работи на Тито по неговата смрт.

tito-1332932657-139892Трочлената комисија составена од: професорот Оливер Антиќ, советник на председателот на Србија, генералот Милорад Симиќ и Ненад  Јевремовиќ.

Што открила делегацијата во сефот на тито, во следните 10 дена останува државна тајна, додека не се утврди природата на предметите.

До денешен ден, 30 години не се знаело дали во прашање се лични работи на Јосип Броз или државен имот.

Отворањето на сефот e по иницијатива на Првиот основен суд во Белград, пред кој се води расправа меѓу наследниците на Тито, кои испратиле барање за увид во содржината на сефовите. Според законот, наследниците не смееле да присуствуваат на отворањето на сефовите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1