Ова е барот на смртта на грчкиот остров: Кога земјотресот почнал да ја руши зградата, ѕидовите ги убиле на лице место


Двајца туристи загинале  кога силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала погодил грчки и турски летувалишта. Најтешка била ситуацијата на грчкиот остров Кос, каде била направена голема материјална штета.

39-годишен Турчин и 27-годишен Швеѓанец стоеле пред барот “White Corner” на Кос, кога се случил земјотресот.

Според извештаите, тие стоеле директно пред ѕидот кој се урнал на плочникот. Загинале на самото место.

Останатите луѓе кои стоеле пред барот минале само со повреди, пренесува greesce.greekreporter.com.

Барот “White Corner” се наоѓа во стара зграда и е омилено место за туристите кои таму оделе на пијалак.

Грчките власти велат дека луѓето би требало да бидат внимателни кога се доближуваат до зградите на Кос.

Постои опасност дека тие би можеле да се рушат во дополнителни потреси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1