Даниел Кајмакоски има огромен број на обожавателки, но неговото срце веќе месеци наназад е заробено од една прекрасна бринета.Даниел е во врска со Кристина Димитриевска, поранешен член на модното студио Црнокрак.Младата тетовка досега се има појавено на повеќе избори за убавина, а има и неколку титули зад себе.
Гласините за нивната врска конечно се потврдени со нивното заедничко појавување на насловната страница на дневниот весник Вест, каде двојката во интервју открива кога и како се запознале.
На Инстаграм профилот на пејачот се почесто осамнуваат фотографии на кои е во друштво на оваа убавица, од Водно до Охрид, се е на нивната листа на дестинации за прошетки.
Сигурни сме дека голем дел од неговите млади обожавателки ќе бидат разочарани до оваа вест, но наедно ќе се радуваат на среќата на својот идол.
Извор: Вистина.мк