Најмалку 84 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се поврдени во синоќешниот напад кога камион влета во маса луѓе во Ница кои го гледале огнометот по повод прославата на националниот празник. Нападот се случил на Англиската променада, една од најубавите улици во светот.
Застрашувачки е податокот дека камионот тежок цели 19 тони се движел со брзина од 40-50 километри на час, успеал да помина два километри газејќи невини жртви. За време на нападот на шеталиштето имало неколку илјади луѓе, меѓу кои имало голем број семејства и туристи во екот на летната сезона. По крвавиот напад, на улиците останале огромен број тела, меѓу кои имало и многу деца.
Инаку познатата Англиска променада е популарна улица која се протега на 7 километри покрај Медитеранот и го поврзува аеродромот со градот. Популарнот шеталиште каде пешачат семејства, се возат велосипедисти и скејтери.