Ова е Европа: Му ја укинаа пензијата зошто ставил сончеви панели – плаќал помалку струја


Еден словенечки пензионер кој на покривот на сопствената куќа поставил соларна микроелектрана, доби решение со кое му се одзема пензијата, а мора да ги врати и примените пензиски приходи од последните три години колку што со панелите обезбедувал половина од потребите за струја на неговата куќа.

1359642349_136983934_1-Slike--Solarni-paneli„Уште се надевам дека ќе надвладее разумот и оти тоа нема да се случи“, вели пензионираниот електроинженер Јоже Прапер.

Тој тврди дека ниој не го информирал оти сопствениците на вакви микро соларни електрани во Словенија се третираат како „мали претприемачи“ со што го губат правото на пензионерскиот статус. Прапер додава дека соларна електрана поставил прв во неговиот крај, бидејќи сакал пред сите да го промовира искористувањето на алтернативните извори на енергија.

Во изминатите години тој за електраната која месечно произведува струја во вредност од околу 100 евра, плаќал данок и придонеси. Сепак сега пензијата може да биде одземена, доколку на суд не докаже дека на неа има право или доколу во меѓувреме не се донесе планираниот закон со кој и на пензионерите во Словенија ќе им се овозможи производство на електрична енергија од обновливи извори.

Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1