Во моментите на најлошата природна катастрофа во Свилајнац животот на едно девојче е спасен од прибраниот полицаец. Милан Ристиќ раскажа како неговата ќерка ја спаси полицаецот Мирко Вукомановиќ
“Беше многу нервозна кога сѐ почна да се случува. Буквално ја ивадивме од креветот … Таа почувствува дека нешто се случува … Кога дојде до тоа да ја пренесеме до багерот, многу се потресе. Никогаш во животот не сум ја слушнал повеќе да плаче“, рече Милан.
Полицаецот Вукомановиќ дојде до родителите на Сара, фрлајќи се од багерот во водата и веднаш ја грабна Сара.
“Милан ми ја додаде Сара и јас ја префрлив на суво“, изјави полицаецот.