Полицајците откриле што се случувало кога чукнале на вратата на куќата во Пенсилванија, во која 51-годишниот Ли Каплан држел заробени 12 девојчиња на возраст од 6 месеци до 18 години, а наводно со една од нив имал и две деца.
Кога полицајците пристигнале преплашените деца се растрчале, а некои се сокриле во кокошарникот зад куќата. На полициските детективи и од претходно им била позната оваа куќа, чиј двор бил неуреден со неискосена трева и затемни прозорци.
Пред две години во куќата избил пожар. И тогаш полицијата ги забележала децата, за кои Каплан рекол дека се кај него бидејќи им се реновира куќата, но две години подоцна тие сè уште биле таму.
Савиља Столтфус рекла дека е мајка на 10 од 12-те деца, а кога полицијата ја испрашувала тврдела дека ништо лошо не се случувало, додека соседите што го пријавиле монструмот тврдат нешто друго.
Џен Бец, која прва се јавила во полиција, рекла дека Каплан отсекогаш бил сомнителен. Често се слушала музика од внатрешноста на куќата, но Каплан никогаш не отворал врата, а ниту соседите не виделе жена во тој двор која би можела да биде мајка на девојчињата. Прозорците од куќата секогаш биле покриени.
Во куќата детективите пронашле воздушни перници, авокадо кое растело под ламба, музички инструменти, еврејски книги и други образовни материјали.
Најстарата девојка, која била сексуално искористувана од Каплан, на полицајците им кажала дека родителите поради тешката материјална состојба му ја продале на него. Несреќната девојка имала само 14 години кога на злосторникот му го родила првото дете, со кого има две ќерки, на возраст од шест месеци и три години.
Сопственикот на куќата, Ли Каплан, е обвинет за сексуално искористување на најстарата девојка, а злосторството се случувало во изминативе три години. Тој е уапсен и против него е подигнато обвинение за сексуалноискористување и педофилија.
Сите девојчиња моментално се во безбедна куќа, а полицијата не ги открива нивните идентитети, ниту нивната моментална локација.