Покрај куќата на Дедиње, ултра популарната Светлана Цеца Ражнатовиќ има вила во Аја Напи на Кипар каде летува секоја година.
Српскиот весник Блиц објави фотографии од луксузната вила на Кипар на пејачката Светлана Ражнатовиќ – Цеца во која многу често престојува. вилата се простира на 400 метри квадратни во летувалиштето Аја Напи и била многу пораскошно опремена од таа на Дедиње во Белград, а ја купила на кредит во 2006 година.
Цеца со години ужива на оваа островска земја која ја обожава, а и нејзините деца таму се школуваа. Инаку цените на недвижностите во ова популарно летувалиште во зависност од локацијата се движат од 150.000 евра за помала куќа, до два милиони евра за најраскошните вили.