Ова е мајката монструм: Го угушила бебето со ќеса за ѓубре и го фрлила на балкон


Триесет и седумгодишната Тања Лакич од Белград се сомничи дека го удавила своето осумесечно бебенце, ќеркичка Ања, а потоа нејзиното тело го фрлила во канта за ѓубре на тераса!

По стравичниот злочин Тања во нервно растројство си ги исекла вените во семејниот стан во Врач. Како што пишуваат тамошните медиуми, таа се наоѓа вонживотна опасност.ubila-bebu-foto-stefan-jokic-1443787405-753377-218x300

Да потсетиме една од роднинте пред два дена пријави во полиција дека Тања со денови не се јавила. Полицијата заминала на тоа место и таму ја затекнале страшната слика. Жената опиена од лековите лежела во локви крв.

Ја прашале каде се наоѓа бебето. Таа прозборела дека го дала на другарка. Но, почнале да го пребаруваат станот, отишле на терасата и го затекле телото на детето замотано во кеса – вели извор близок до истрагата.

„Телото на бебето е однесено на обдукција. Се проверува се што се случило со мајката и колку денови лешот бил на балконот. Според првичните резултати на истрагата, таа најверојатно го угушила бебето со кеса за ѓубре, и со денови лежел на тераса“, изјави извор близок на истрагата.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, Пласид Машо, нејзиниот сопруг, кој живее во Свилањац, во последните месец дена неколку пати ја пријавил сопругата во полиција.

„Ја пријавил дека го малтретира, па побегнал од дома и го оставил бебенцето со сопругата кој била нестабилна. Наводно таа е зависник од наркотици, и била доста нестабилна и агресивна. Полицијата интервенирала и на 2 и 3 септември кога Тања го нападнала пред полицијата. Но, неколку дена подоцна почнаа само да ги гледаат по градот, излегле и шетале со бебето, се однесувале нормално“, вели извор од истрагата.tizer-1443741714-752909-640x400

Но, пред некое време Тања одлучила да се врати во станот на мајка и во Белград.

Српските медиуми стапија во контакт со таткото на настраданото девојче, Пласидом Машом, но тој немал сили да разговара.

„Не можам ништо да ви кажам. Имајте разбирање, ќе разговараме подоцна – изјави скршениот татко.

Комшиите од зградата во јужниот булевар вчера не биле расположени да зборуваат за трагедијата која се случила.
„Не знаеме зошто ова го направила. Секогаш беше фина, не знаевме дека има некои проблеми. Шокирани сме, не можеме да поверуваме што се случило. Боже што ли се случи – вели комшијата и додава:

„Тања живеела со мајката. Таа од првиот брак има десетгодишна ќерка која живее со таткото. Мајка и е медицинска сестра, а таткото градежник. Никогаш немале проблем со неа. Не знаеме што е причина за трагедијата – рекле шокираните комшии.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1