Во автобус бр.57 беше прободено со нож моето внуче катили и несовесни неваспитани млади луѓе монструми, што им направи ова дете враќајќи се од училиште нека им служи на чест и ГОСПОД да ги казни“. Вака реагираше еден од членовите на блиското семејство на момчето кое вчера беше нападнато со нож кај Рекорд.
На момчето му биле извршени неколку хирушки интервенции и во моментот се наоѓа во животна опасност. Момчето било прободено три пати, а сите три убоди нанеле тешки повреди на внатрешните органи, пишува порталот Досие.мк
Еден од убодите предизвикал и тешка повреда на црниот дроб кај момчето. Во моментот според информации од блиски на семејството момчето се разбудило но се уште е во критична состојба
Момчето беше нападнато додека се возело во автобусот со број 57, кога неколку други момчиња од албанска националност му зариле нож во стомакот. Неофицијално, расправијата започнала поради мобилниот телефон, кој напаѓачите сакале да му го одземат.
МВР се уште ги нема приведено сторителите.