Актерката Кери Фишер, која почина во вторникот на 60 години, на црвениот тепих се појавувала во придружба на своето куче, францускиот булдог Гари.
Гари има профил на социјалната мрежа „Твитер“, како и на „Инстаграм“, а кога е објавено дека Кери починала, на профилот на Гари осамна статус.
-Најтажен твит од сите твитови. Мама си отиде.
А потоа уште еден: Јас те чекам, мамо!
Денеска има нов, уште потажен твит: Ми недостигаш!