Френдзанија Томпсон (19) студентка на Блин Колеџот во Тексас, во намера да почне кариера во светот на модата, сакаше да направи сет фотографии на желелезничката станица и токму тоа го плати со живот.
Хакими Стивенсон, мајка на несреќната девојка која била бремена вели дека нејзината ќерка одлучила да го паузира своето школување и да се посвети на кариерата како модел.
Очевидци велат дека Франдзаниа стоела меѓу два колосека, кога од едниот правец наишол воз. Се префрлила на другиот колосек да помине возот, но не забележала дека доаѓа воз токму и од колосекот каде таа се наоѓала.
Починала на пат кон болница.
Лицето кое ја фотографирало Френдзанија не е повредено.
Портпаролот на „Јунион пацифик“, компанијата чиј воз удрил во бремената девојка вели дека машиновозачот се обидел да закочи, а ја вклучил и сирената кога ја забележал девојката, но било предоцна.