Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сакана Јелена Ристиќ се најдоа на насловната на списанието „Hello“.
Славната двојка судбоносното „Да“ го кажаа изминатава недела, а првата официјална фотографија од венчавката е објавена во денешниот број на српското издание на списанието „Hello“.
– Се оженив со жената која ја сакам, а не постои ништо подобро и поубаво од тоа. Не можам да посакам ништо повеќе од животот“ изјави Новак.
„Кога ја видов во венчаницата како се смее и оди кон мене, изгледаше како ангел. Се фокусирав на неа, на нејзината насмевка и на нашето бебе, па се обидов да го меморирам тој момент за цел живот“, изјавил популарниот Ноле во интервјуто.