Познатиот глумец Миолорад Мандиќ Манда починал денес попладне на бината среде премиерата на детската представа “Петар Пан”.
Представата почнала нормално и се било во ред првите петнаесет минути, а потоа на сцената излегол Манда во улогата на Капетан Кука каде од еднаш паднал на подот.
– Мислевме дека тоа е дел од представата, а потоа во салата се запалија светлата и сфативме дека нешто не е во ред, изјавила една девојка од публиката.
Збунетата публика не сфатила што се случува кога сопругата на актерот истрчала од публика на сцена а по неа тргнала и актерката Слобода Мичаловиќ која со ќерката ја следела претставата.
– Завесата веднаш се спушти и не замолија да излеземе од салата, а набргу пристигна Брза помош – раскажале дел од луѓето кои биле сведоци на овој немил настан.ж
Брзата помош интервенирала на лице место и му пружила прва помош на актерот. Меѓутоа реанимацијата не успеала, а актерот починал.