Ова е таткото монструм кој избоде бебиња: Сакав да ја заплашам сопругата, па ми падна мрак пред очи!


Бебето од 40 дена починало од повредите кои со нож му ги нанел неговиот татко во Штрпце, додека другото бебе во тешка состојба било пренесено во Клиничкиот центар во Ниш, било кажано во болницата во Грачаница.

Управникот на хирургија во болницата во Грачаница, Драган Периќ, рекол дека станува збор за близнаци од машки пол од 40 дена.dejan-krsticic-bebe-strpac-01

Периќ навел дека едното бебе било донесено мртво, а другото во тешка состојба било однесено во Ниш и се наоѓа на одделението за интензивна нега. Според неговите зборови, здравствената состојба на повреденото бебе е стабилизирана, и бебето е надвор од животна опасност.

Дејан Крстичиќ (35) е професор по физичко воспитување во средно училиште во Штрпац и тој досега немал никакво полициско досие ниту пак бил пријавуван за семејно насилство.

-Синоќа е уапсен, извршен е увид на лице место, земена е изјава од него и денеска е спроведен кај обвинител на натамошна постапка.Се работи за тоа дека прв пат се случило семејно насилство во таа куќа, никогаш досега не бил пријавен сличен инцидент или некоја ситуација каде тој би можел да се однесува на некој поинаков начин. Сосем нормален човек, не знам што се случи – рекол Драган Ивановиќ, командир на полциската станица во Штрпац.

Како што пишува српски Kurir, во моментот на злосторството во собата биле Крстичиќ, неговата сопруга Ана и нивните близнаци. Се претпоставува дека дошло до расправија меѓу сопружниците.dejan-krsticic-bebe-strpac-02

“Дејан тогаш го зграбил ножот, и најверојатно во момент на целосно нервно растројство прободел еден од близнаците директно во гради. Тоа бебе починало на пат кон Грачаница. Тој тогаш се обидел да го забоде и другото дете, но на него скокнала сопругата во обид да го одбрани бебето, па Крстичиќ го забодел во пределот на вратот”, вели извор на Kurir.

Кратко потоа, буката од соседната соба ја слушнал братот Дејан, па влегол во просторијата да го совлада полудениот маж.

Крстичиќ набрзо бил уапсен, а според Kurir.rs, во првата изјава за истражните органи рекол дека станувало збор за расправија со сопругата, дека наводно сакал да ја заплаши, и дека потоа “му паднал мрак пред очи и не се сеќава на ништо”.

Дејан и неговата сопруга, која е од околината на Штрпце, живееле во семејната куќа на неговите родители.

Соседите, шокирани поради трагедијата, велат дека немало никакви навестувања дека нешто толку страшно можело да се случи, и дека не делувало дека во куќата има несогласувања.lenta policija 43

Според нивните зборови, Крстичиќ работел со деца и важел за мирен, тивок и повлечен човек.

Познаниците на семејството велат дека парот живеел во складен брак и дека не слушнале за проблеми и расправии.

Близнаците, од кои едниот починал, а другиот бил тешко повреден, се нивни први деца.Полицијата веднаш дошла на самото место и го уапсила Крстичиќ. Оваа семејна трагедија се случила во 19 часот во семејната куќа во Штрпце.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1