Енес Омерагиќ (34) вчера во Сараево уби двајца војници, а потоа се разнесе со бомба.
Омаровиќ бил роден во Франција, а тоа го потврдил и директорот на “SIPA”, Перица Станиќ.
Покрај тоа што е роден во Париз, според првите информации Омерагиќ наводно се борел и на страната на џихадистите во Сирија, како и членови од неговото потесно семејство.
Припадниците на Државната агенција за истрага и заштита – “SIPA”, ја претресле куќата на Мухамед Мецо, роднина на Енес Омерагиќ, поради сомнение дека е поврзан со терористичкиот напад.
Мецо и претходно бил апсен поради припадност во група осомничена за тероризам, но никогаш не бил осудуван.
Мецо е познат и како член на групата на Ријад Рустемпасшиќ, со кого бил уапсен во март 2008 година. Рустемпашиќ поради тероризам пред судот на БиХ бил осуден на затворска казна од четири и години, која ја отслужил и сега се наоѓа на слобода.