Нелко Менкиновски, Ванчо Деликатес со роднините и и директорот на компанијата Сувенир Самоков се меѓу уапсените во големата полициска акција утрово, осомничени за криминал тежок 2,5 милиони долари, јавува прес 24.
Нелко Менкиновски важеше за близок соработник на Владо Бучковски додека тој беше министер за одбрана. Неговото име е меѓу осудените во аферата Тенковски делови каде доби 2 години затвор во првостепената постапка, а Апелација казната му ја намали на условно.
Ванчо Георгиев, поранешен пратеник од редовите на Собранието од СДСМ и сопственик на фирмата Деликатес, во деведесетите финансираше и кошаркарски клуб од Кочани, со кој два пат беше вицешампион во македонската кошаркарска лига. Георгиев во моментов работи во градежниот бизнис. Покрај Геориев, уапсени се и членови на неговото семјество.
Меѓу познатите бизнисмени кои се сомничат за перење пари е и директорот на Сувенир Самоков.