Дваесет и девет годишната Андреа Кристеа вчера се фрли од Вестминстер мостот во Темза за да го избегне нападот на терористот кој на мостот со автомобил усмрти двајца а повреди десетци луѓе.
Архитектката од Романија била во посета на Лондон за да го прослави роденденот на нејзиниот вереник Андреј Бурназ.
Таа беше извлечена од реката и се наоѓа во сериозна здравствена состојба.
Андреа и Андреј биле заедно на мостот кога терористот со автомобил почнал да удира во пешаците. Андреј завршил со фрактура на ногата, а неговата девојка во реката – не се знае дали намерно се фрлила или паднала во налетот на нападот од терористот.
Портпаролот на министерството за надворешни работи на Романија изјави дека според нивните информации, таа прво била удрена со автомобилот а потоа турната во реката.
Скотланд Јард јави дека во врска со нападот во Лондон, досега се уапсени осуммина. Британските власти објавија дека напаѓачот бил роден Британец кој ја прифатил исламската идеологија. Одговорноста за нападот во кој се убиени 4 лица а повредени десетици, ја презеде ИСИС.