Пејачката Драгана Мирковиќ иако смата има направено пластични операции, признава дека никогаш нејзината ќерка Мануела да стави силикони. Таа вели дека на сите можни начини би се обидела да ја наговори својата наследничка да не става силикони. Драгана смета дека младите девојки грешат кога одлучуваат да одат под нож.
– Кога Мануела би побарала од мене да се согласам за силикони, разговорот би бил вознемирувачки и би и објаснила дека тоа не е добро. Мојата ќерка не е некоја која би одела на естетска хирургија, бидејќи е спортски тип. Неодамна ја викаа да биде модел во Виена, но сепак таа ги одби, бидејќи не е во тој фазон. Ми падна камен од срцето кога рече дека не сака да се занимава со манекенство и со јавна работа – рекла Драгана.
Пејачката објаснила зошто нејзините деца не се појавуваат во јавност, што е многу чудно бидејќи многу нејзини колеги не ги кријат своите наследници.
– Пред пет години, Марко и Мануела ми рекоа: Мамо, ние не сакаме да се појавуваме во јавност и во весници, другарите и другарките тоа го гледаат, а ние не сакаме да се разликуваме од нив. Дотогаш се сликаа со мене за списанија, но потоа сфатив дека за во иднина треба да им побарам дозвола за тоа – открила пејачката.