Експертите за изработка на економски модели ги здружија силите со советниците за унапредување на кариерата, во обид да ги пронајдат професиите кои во периодот од 2010 година до 2013 година забележале раст од најмалку 7 проценти, со понатамошна тенденција за раст во 2014 година, и во кои се заработува најмалку 22 долари на час (нормално, не кај нас).
Наведените податоци, кои ги објави „Бизнис инсајдер“а ги пренесува Фактор.мк , имено, важат за САД, но сепак овие работни места се во експанзија во целиот развиен свет.
1. Развивач на софтвер – експерт за изработка на софтвер, апликации и софтверски системи
Што работи: Изработува компјутерски програми
Вкупен број на вработени во 2013: 1.042.402
Раст на бројот на вработени од 2010 до 2013: 11 проценти
Просечна сатница: 45,06 долари
2. Аналитичар за истражување на пазарот и експерт за маркетинг
Што работи: Ги проучува условите на пазарот на локални, регионални или државни размери
Вкупен број на вработени во 2013: 438.095
Раст на бројот на вработени: 14 проценти
Просечна сатница: 29,10 долари
3.Експерт за обука и развој
Што работи: Осмислува и спроведува програми за обука и развој
Број на вработени во 2013: 231.898
Раст на бројот на вработени: 8 проценти
Просечна сатница: 27,14 долари
4. Финансиски аналитичар
Што работи: Ја проценува состојбата на берзата, обврзниците и останатите типови на инвестиции
Број на вработени во 2013: 247.159
Раст на бројот на вработени: 7 проценти
Просечна сатница: 37,34 долари
5. Физиотерапевт
Што работи: Им помага на повредените или болните пациенти да ја надминат болката
Број на вработени во 2013: 207,132
Раст на бројот на вработени: 7 проценти
Просечна сатница: 37,93 долари
6. Веб дизајнери и придружни експерти
Што работи: Изработува веб-сајтови и им помага на компаниите да изградат бренд
Број на вработени во 2013:136,921
Раст на бројот на вработени: 11 проценти
Просечна сатница: 27,84 долари
7. Логистичар
Што работи: Ја анализира и координира организацијата на синџирот за снабдување
Вкупен број на вработени во 2013: 127,829
Раст на бројот на вработени: 10 проценти
Просечна сатница: 35,08 долари
8. Администратор во базата на податоци
Што работи: Користи софтвер за складирање и организација на податоци како што се финансиските информации и податоци за испораката на клиентите
Вкупен број на вработени во 2013 година: 119,676
Раст на бројот на вработени: 10 проценти
Просечна сатница: 37,39 долари
9. Организатор на состаноци, собири и случувања
Што работи: Ги координира собирите и случувањата
Вкупен број на вработени во 2013: 87,082
Раст на бројот на вработени: 11 проценти
Просечна сатница: 27,24 долари
10. Преведувач
Што работи: Преведува различни информации од еден на друг јазик
Вкупен број на вработени во 2013: 69,887
Раст на бројот на вработени: 14 проценти
Просечна сатница: 22,39 долари
11. Нафтен инженер
Што работи: Осмислува и развива методи за извлекување на нафта од слоевите под земјената површина
Вкупен број на вработени во 2013: 40,733
Раст на бројот на вработени: 21 процент
Просечна сатница: 63,67 долари
12. Аналитичар на информатичка безбедност
Што работи: Планира, применува, усовршува или ги надгледува безбедносните мерки за заштита на компјутерските мрежи и информации
Вкупен број на вработени во 2013: 75,995
Раст на бројот на вработени: 8 проценти
Просечна сатница: 41,62 долари