Ова ќе ве расплаче: Ќерката облече венчаница и одигра последно танго со таткото кој е на умирање (Видео)


Рејчел Вулф, која не е ни верена, минатата недела ја средила косата, се нашминкала, облекла венчаница и станала невеста, како би ја имала приликата со својот татко кој умира да го одигра свадбениот танц.

ples-otac-na-samrti-printskrin-1374669609-343561Рејчел на овој чекор се одлучила за да го сними танцот со својот татко, кој заради рак на панкреасот нема да може да биде со неа кога големиот ден ќе дојде. Доктор Џејмс Вулф кој има помалку од три месеци живот, на овој начин ќе биде со ќерката и за време на нејзината вистинска венчавка кога таа ќе се случи.
-Има толку работи кои би сакал да ги направам со своите ќерки. За жал, нема да можам, изјавил Вулф.
Џејмс Вулф и неговата ќерка Рејчел овие драгоцени моменти ги поделиле со тактовите на песната “Пепелашка”, па Рејчел на нејзината венчавка ќе може барем симболично да ја подели среќата со татко и преку ова видео.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1