Oва месо шири најголеми зарази


Кога зборуваме за месото во исхраната, една нова студија покажува дека луѓето кои конзумираат пилешко или јунешко мелено месо се најизложени на зарази и болести.

mesoОвој податок доаѓа од Центарот за јавност и интереси за јавност кој направил листа на месни производи, според ризикот од добивање тешки заболувања во текот на конзумирање на тие видови на месо.

Најопасно месо на листата е пилешкото и производите од тој вид на месо, вклучувајќи го печеното, меленото и пилешкото на скара. Во периодот меѓу 1988 и 2010 година, пилешкото месо е поврзано со 452 епидемии на заразни болести и 6.896 случаи на зараза, само во Соединетите Американски Држави.

Епидемијата е категоризирана како два или повеќе случаи на зараза од истиот извор на храна.

Меленото јунешко месо се наоѓа на второ место, а е поврзано со 336 епидемии и 3.801 случај на зарази во истиот период во САД.

Свинското и печеното јунешко се третираат како средно ризични видови на месо, додека шунката и колбасите се ниско ризични групи поврзани со 34 до 57 епидемии во ист период.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1