Ова се 2 патници кои со лажни пасоши летале со боингот кој исчезна (Фото)


При објавувањето на листата со патници се дозна дека двајца патници се качиле во авионот со туѓи пасоши. Истрагата покажа дека пасошите биле украдени, и се трагаше по идентитетот на двајцата патници кои патувале со овие пасоши.

italijan avion malezija 37-годишниот Италијанец Луиџи Маларди, чие име и број на пасош беа објавени на листата со патници, му се јавил на татко си во Италија од Тајланд за да му каже дека е жив и здрав и дека некој го искористил неговиот пасош украден во градот Пхукета пред неколку месеци. Истото се случило и со Австриецот Кристијан Козел кога неидентификувано лице се регистрирало за летот на исчезнатиот авион со неговиот пасош кој бил украден на Тајланд уште во 2012 година.

Генералниот секретар на Интерпол, Роналд Ноубл изјави дека објавените фотографии се на двајца Иранци, кои со украдени пасоши се качиле на летот MH370 на малезиската авиокомпанија „Malaysia Airlines“.

interpol- foto

Ноубл изјави дека во исчезнатиот авион биле двајца ирански државјани. Едниот од нив е идентификуван како 19-годишниот Пури Нур Мохамед Мерхрад, а името на вториот  Интерпол не го објавува, туку е наведено дека станува збор за 29-годишен ирански државјанин.

Според истрагата, двајцата во Малезија влегле со ирански пасоши, а на летот се чекирале со украдени австриски и италијански пасош. Според сознанија на Интерпол, 19-годишниот Иранец планирал да бара азил во Германија.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1