Уште многу малку време не дели до почетокот на Евровизија 2017 во Киев, а сите земји учеснички меѓу кои и Македонија, го формираа жирито кое ќе ги подели бодовите за песните.
Македонската жири комисија годинава ги има најмладите членови меѓу останатите судии, заедно со оние од Украина, а станува збор три дами и двајца припадници на посилниот пол.
Според Европската радиодифузна унија, секој од нив ги исполнува условите да одлучува за квалитетот на песните, односно се докажани имиња на сцената.Имено, Македонија годинава има три судијки и двајца судии, а станува збор за ѕвездичката Антониа Гиговска, Силви Плевнеш и младата пејачка Калина Велковска која минатата година застана на евровизиската сцена во Стокхолм како придружен вокал на Калиопи.Како засилување, заедно со нив ќе одлучуваат и водителот Марко Марк и музичкиот продуцент и композитор Александар Масевски.
Своите видувања, односно поделбата на бодовите тие ќе ја направат по генералните проби во Киев, па по прегледувањето на снимките ќе ги испратат резултатите до организаторот.
Интересно е тоа што младата и надежна пејачка Антонија Гиговска ја има најголемата одговорност во оваа улога бидејќи е најмлада меѓу сите евровизиски судии.
Инаку, за победничката песна на Евровизија годинава ќе одлучуваат вкупно 210 члена од земјите учеснички на овој музички натпревар.
Извор: Вистина.мк