Ова се најбогатите жени во светот – Најбогатата има 36.1 милијарда долари


Французинка, Американка и Италијанка се меѓу дамите со милијарди на лични сметки
najbogati zeni

Најбогатата жена во светот има моќ од 36.1 милијарда долари. Ова го пишува “Форбс”, кој го објавува и најновото рангирање на жените-милијардери во 2016 година. На чело останува Французинката Лилиан Бетанкур, сопственичката на компанијата “Л’Ореал”. Второто место е за Елис Волтон, која има 32,2 милијарди долари на лична сметка.

Тоа е и дамата со најголем скок во рангот, бидејќи само пред една година наследничката на корпорацијата Wal-Mart Stores беше само на 16-то место на листата. Третото место е за наследничка на корпорацијата “Марс” Жаклин Марс. Според “Форбс” има 23,4 милијарди долари.najbogati-zeni

Топ 10 на најбогатите дами во светот завршува со Италијанката Максимилијан Алеоти која има средства проценети на 10,1 милијарда долари.

Група од девет жени кои доаѓат од седум региони, северноамериканскиот, европскиот, пацифичкиот, азијскиот, латиноамериканскиот и блискоисточниот регион, заедно располагаат со неверојатни 114,6 милијарди долари.

Според листата која што ја направи специјализираната компанија „Velt-X“, на првото место е Кристи Волтон (59), вдовицата на Џон Т.Волтон, инаку син на основачот на американската компанија „Волмарт“.

kristi Vol

Нејзиното богатство се проценува на дури 39,9 милијарди долари, а „Форбс“ во 2013 година ја прогласи за шестто најбогато лице во САД. Нејзиното богатство потекнува од акциите кои што ги има во „Волмарт“, но и во компанијата „Ferst solar“. Ианку таа веќе седум пати се најде на првата позиција на листата на најбогати жени на планетава.

Второто место и припадна на сопственичката на компанијата „Лореал“, Французинката Лилијан Бетенкур (92). Таа благодарение на наследството од татко и Ежен Шулер, основачот на „Лореал“, но и од средства кои ги заработила откако компанијата стана водечка во светот на козметиката поседува 31,3 милијарди долари.

lilijan

Џина Рајнхарт од Австралија е најбогатата жена во пацифичкиот регион, но и во светот, а во еден момент според вредноста на својот имот се приближи и до првопласираната Кристи Волтон.

rajnhart

Сепак нејзиното богатство сега се проценува на 14,9 милијарди долари, кои ги наследила благодарение на бизнисот со рудници, кој го започнал нејзиниот татко Ланг Хенкок. Освен што продолжила да работи со наследениот бизнис, таа е и медиумски маг бидејќи стана сопственичка на „Ферфакс медиуми“.

sari

Во групата најбогати жени се најдоа и сестрите Ванеса Паола Слим Хаџ, Марија Соумаја Слим де Ромери и Џоана Слим Ајуб кои што се ќерки на мексиканскиот бизнисмен, инвеститор и милијардер Карлос Слим. Според податоците секоја од нив поседува богатство од по 6,3 милијарди долари.

jang

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1