Ова се најчудните нешта заборавени во авион


Стаклено око, папагал и вештачка вилица се само дел од бизарните нешта што патниците ги забораваат во авион, според истражувањето на Skyscanner, направено над 700 лица кои работат како дел од авионски екипаж.

Екипажот секојдневно пријавува долга листа на предмети најдени на авион по симнувањето на патниците, а најчестите нешта кои луѓето ги забораваат се пасоши, очила, пари, играчки, книги и помали гаџети.

ova-se-najchudnite-neshta-zaboraveni-vo-avion-149484

Но на листата може да се најде и по некој предмет што отскокнува од овие секојдневните, а на годишно ниво тие се сè повеќе и сè почудни.

На пример, многумина ги заборавале своите домашни миленици, како папагал, жаба, сокол и желка.

Вештачки вилици, стаклено око, долна облека, протези и разните отропедски помагала се најдоа на листата на најчудните нешта заборавени на авион. Истите нè тераат да се запрашаме: „Како можел некој да го заборави ова?“

Уште неколку чудни нешта се јајце (неспакувано), торбичка со песок и предлог за брак напишан на картичка и невестински фустан.

Менаџерот на одделот „Изгубено-најдено“ во компанијата Southwest Airlines раскажа што се забораваат патниците во авионите по летовите. Најголемиот дел се очила за сонце и банкноти, а во одделот во кој работи Роберт Лер, работите ги делат според вредноста.

Во помалку вредните влегуваат ситниците како очилата, банкнотите, кадифените играчки, сувенирите, додека во повредните влегуваат мобилните, таблет компјутерите, лаптопите, фотоапаратите и слично.

Меѓу заборавените работи се и сувенири од Дизниленд, интересни шешири, па дури и сомбрера, иако Лер вели дека никогаш не видел некој да патува со сомбреро, а патниците вообичаено ги забораваат во преградите за личен багаж.

„Пред неколку месеци вративме апарат со фотографии на војник пред неговото испраќање на служба во Ирак, а фамилијата беше пресреќна што ќе го има и тој спомен. Една постара госпоѓа го заборавила вредниот накит кој и бил оставен од нејзината мајка. Успеавме да го најдеме и да и го вратиме. Враќањето на вредни работи на сопствениците е благослов за нас“ – вели Лер на крајот и потсетува дека треба убаво да се прегледа седиштето пред напуштањето на авионот.

Kajgana

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1