Ова се најдобрите и најлошите места во светот да се биде жена


genderequalityДолго време жените се бореле за своите права на еднаквост во светот на мажите. Во последните 6 години, околу 85% од државите ги подобриле условите за жените, според Светскиот Економски Форум, но од економска и политичка гледна точка има уште долг пат пред нив.

Еве неколку места каде што е одлично да се биде жена, но и неколку места каде што на жените сè уште им е многу тешко да бидат тоа што се.

1. Најдобро место да се биде жена – Исланд

Исланд има најголема рамноправност помеѓу двата пола, земајќи ги предвид индикаторите во политиката, едукацијата, вработеноста и здравството. Најлошото место да се биде жена е во Јемен, а најопасно е во Авганистан.

2. Најдобро место да се биде „глава“ на државата – Шри Ланка

Жените владеат со Шри Ланка скоро 23 години. За разлика од нив, во Шпанија и Шведска никогаш немало жена на поважна функција во владата.

BrighIdeaWoman3. Најдобро место да се биде жена во областа на уметноста и филмот – Шведска

Шведскиот совет за уметност поднел иницијатива за подобрување на рамноправноста помеѓу половите во уметноста. Исто така, Шведскиот филмски институт овозможува подеднакво распределување на мажите и жените во филмската индустрија. Во Велика Британија пак, само 6% од филмските режисери и 12% од сценаристите се жени.

4. Најдобро место да се биде мајка – Норвешка

Норвешка е најдоброто место на светот да се биде мајка, со многу мали шанси за смртност при пораѓај (1:7.600). Најлошо место за ова е да се биде во Авганистан, каде што жената има барем 200 пати повеќе шанси да умре при пораѓај отколку од бомба, куршум или друг вид напад.

5. Најдобро место за економистки – Бахами

Бахамите го држат првото место на глобално ниво за економска партиципација на жените. Тие ја затвориле половата „дупка на нерамноправност“ за околу 91% во последниве шест години, за разлика од најниско рангираната држава, Јемен која има зголемување на рамноправноста помеѓу половите во економијата за само 32%.

zena idealen den

6. Најдобро место да се биде новинарка – Карибите

Карибите се регион со највисока застапеност на ТВ, радио и печатени вести за кои известуваат жени (45%). Најлошата област е во Африка, со само 30% од настаните кои се водени од жени. Во Велика Британија има најмал процент на жени уредници на весници, само 9%.

7. Најдобро место да се живее долго – Јапонија

Жените во Јапонија живеат просечно околу 87 години, победувајќи ги мажите за 7 години. Најкраткото просечно време на живот за жени е во Лесото – 48 години, кое е само 2 години пократко од она на мажите.

8. Најдобро место за студирање – Катар

Во Катар на секој еден маж, се запишуваат шест жени на студирање. Додека пак во државата Чад, има три пати повеќе мажи од жени кои студираат.

pari zena9. Најдобро место да се заработи пари – Луксембург

Луксембург заедно со Норвешка го делат првото место за можност за заработка. И жените и мажите заработуваат просечно околу 40.000 долари годишно. За жените најлошо е да работат во Саудиска Арабија каде што просечното заработување на годишно ниво е околу 7.157 долари, додека пак мажите за иста работа заработуваат просечно околу 36.727 долари.

10. Најдобро место да се биде спортистка – Америка

Пет од десетте најплатени жени спортистки биле од Америка. Најлошата држава е Саудиска Арабија која никогаш не пратила жена на Олимписките игри и има забрана за девојчињата да тренираат каков било спорт во училиште.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1