Ова се најголемите масовни убијци во историјата – на листата и Јосип Броз Тито


Британскиот таблоид Дејли мејл направи листа на најголемите масовни злосторници на 20.век

На врвот на листата се наоѓаат Мао Це Тунг, Јосиф Сталин и Адолф Хитлер.Поранешниот претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито, на оваа ранг листа е на 13. место. Во образложението на Дејли мејл се вели дека Тито е одговорен за смртта на 570.000 луѓе, главно политички неистомисленици.

mao-hitler-staljin

На прво место се нашол Мао Це Тунг, кинески лидер.Повеќето негови жртви биле Кинези, кои по доаѓањето на комунистите на власт, умирале од глад за време на неговиот “Голем чекор напред”, или биле убиени во работни кампови за време на Културната револуција. Неговото владеење довело до сиромаштија на огромен број на луѓе, а се проценува дека бројот на жртви изнесува 60 милиони.

На режимот на Мао му се припишуваат околу 60 милиони жртви, а на Сталин околу 40 милиони.mao cetung

Наследникот на Ленин, Јосиф Сталин, го заземал второто место на оваа листа. Земјоделската политика на Сталин довела до голема глад и масовно изгладнување во Советскиот сојуз. “Чистките” на Сталин имале за цел ослободување од политичките неистомисленици, а метите често биле убивани или затворени во работни логори. Во тој период настрадале голем број на луѓе, а се проценува дека бројката изнесува 40 милиони.

stalin3

 

Хитлер е „послаб“ од нив, односно има вина за околу 30 милиони луѓе.  Најозлогласеното злосторство на 20. век, Холокаустот, се случило по негов налог, а суровоста на нацистичката партија и денес не престанува да ги шокира луѓето. Околу 30 милиони луѓе настрадале поради неговото настојување Третиот рајх да стане Главна светска сила.

hitler-pozdrav3

На оваа „злосторничка“ листа следуваат белгискиот крак Леополд втори кој е одговорен за смртта на осум милиони луѓе во Конго.

Потоа следува јапонскиот воен диктатор Хидеки Тојо, соработникот на Хитлер во Втората светска војна, кој е одговорен за смртта на пет милиони луѓе итн.

Виновници за смртта на над милион луѓе се Пол Пот, лидерот на Црвените Кмери во Камбоџа (1,7 милиони), севернокорејскиот диктатор Кил Ил Сунг (1,6), Етиопјанецот Менгисту Мириам (1,5) и Негериецот Јакубу Говон (еден милион луѓе).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1