Ова се најлошите свекрви


Односот снаа свекрва е можеби најозборуваниот однос во историјата, кој се обвинува за сите проблеми во бракот, за пеколот кој владее во сечиј дом.

Секоја жена тврди дека токму нејзината свекрва е најлоша, но дали тоа е така? Историјата покажува дека лошотијата на некои свекрви ќе остане вечно запомнета, еве кои се тие:
20130719-svekrvi

Бона Сфорза

Бона Сфоза е родена во 1494 година во моќно семејство кое владеело со Милано. Таа се омажила за полскиот крал Сигизмунд I, кој исклучително ја ценел нејзината интелигенција и образованост и и овозможил вклучување во управувањето на државата .

И покрај таа интелигенција, кога нејзиниот син Сигизмунд II се оженил со Елизабет од Хабсбуршката монархија, не успевала да го сокрие презирот кој го чувствувала кон снаата. Таа доразбеснела кога синот се оженил со својата љубовница Барбара, па се потрудила по само пет месеци снаата да почине од „непозната болест“.

Сара Делано Рузвелт

Кога Френклин Рузвелт се заљубил во Ееленор, неговата мајка сторила се за да не стапат во брак. Кога и покрај нејзиното противење тие стапиле во брак, таа им подарила куќа во нејзиниот двор , за да може да ги контролира сите нивни постапки.

Принцезата Софија

Софија сторила се нејзиниот син Френсис Јосиф да го преземе престолот и да владее со Австрија, но сторила се за да го раздели од неговата сопруга Елизабет. Таа дури и ја одзела нејзината штотуку родена ќерка и и забранила контакт со сопругот една година. Тоа било причина за распад на бракот по само шест години, а тоа допринело Френсис да падне во депресија и да заболи од анорексија и булимија.

Катерина де Медичи

Катерина де Медичи е благородничка која се омажила за Хенри II од Франција во 1533 година, со само 14 години. Добила три синови кои решила да ги обезбеди со богатство и големо политичко влијание. За почеток им одредила што ќе учат, а потоа започнала да им избира и сопруги.

Кога се оженил Хенри IV, идниот крал, таа се погрижила неговата сопруга Ивана за само неколку месеци да се разболи и да умре. Потоа преминала на Маргарит, сопругата на средниот син, која била отруена. А кога најмладиот син Френсис се оженил со Кетрин од Шкотска,таа се продолжила со своите напади и врз неа. Нејзиниот син ненадејно починал, а таа на снаата и ги одзела сите предмети кои ги добила од сопругот и за три дена ја вратила во Шкотска.

Марија Феодоровна

Со само 13 години, Марија се омажила за рускиот цар Александар III, со кој го добила својот најсакан син Николај II. Кога тој решил да стапи во брак со принцезата Аликс, внуката на кралицата Викторија, кралицата ја казнила со молчење и не комуницирала со неа. Потоа почнала да не и дозволува да го придружува својот сопруг на свеченостите, и никогаш не и ја предала круната која ја заслужила.

Преземено од онлајн магазинот “Револуција”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1