Мајката, Мишел Грег (32) има четири деца со Деон Дикерсон (36) а тие се родители на детето кое неодамна влегло во кафезот со горилата, по што вработените во Зоолошката градина морале да го убијат мајмунот.
Како што открива Дејли мејл, Деон има подолго криминално минато, кое вклучува грабежи, користење на огнено оружје, трговија со дрога, неовластено влегување на туѓ имот, неконтролирано однесување и киднапирање. Во 2006 година бил осуден на една година затвор поради трговија со дрога.
Од друга страна пак, ако се заклучи по фотографите на Фејсбук, Дикерсон изгледа дека одлучил да го поправи својот живот и станал татко на четири деца. На повеќето фотографии кои ги објавил, може да се види со своите деца, а некои и со својата сопруга.
Дикерсон е од Атланта и студирал на Чуиахога Комјунити колеџот, а сега работи на сортирање на индустриска опрема во Синсинати.
Таа била предмет на остри критики по инцидентот кога персоналот на зоолошката градина морал да го застрела големиот горила Харамбе, откако нејзиното дете паднало во оградениот дел кај мајмунот.
На многу медиуми Дикерсон била критикувана и рекле дека треба да сноси одговорност. Портпаролот на полицијата во Синсинати рекол дека против неа ќе се разгледа казна, додека родителите на детето не сакале да го коментираат случајот.
Мајката на детето, Мишел Грег, моментално е администратор во претшколската установа Синсинати.