Трите девојки кои загинаа во тешката сообраќајка, која се случи во близина на Дромир, на патот Колашинац – Подгорица, беа испратени до вечните почивалишта.
Се работи за 26-годишната Милица Станишиќ, 32-годишната Јелена Милосавлевиќ и 26-годишната Драгана Лајовиќ кои слетале во кањонот длабок 150 метри со својот автомобил откако се враќале радосни бидејќи положиле испит.
– Сите сме во шок, не можеме да поверуваме каква трагедија се случи. Згаснаа три млади животи, а нивните семејства останаа без своите чеда.
Навистина страшно, велат за српскиот „Ало“ колегите на настраданите девојки кои студирале на Медицинскиот факултет.
Едната од девојките, Милица, зад себе оставила 8-годишна ќеркичка која сама ја одгледувала бидејќи била разведена.
Од друга страна, Јелена била омажена и зад себе оставила тригодишно детенце.
Денеска во местата каде живеат е прогласен ден на жалост. Од нив се простија нивните колеги од факултетот.
– Од пред два дена фонтаната на младоста е без три животи. Заминаа без поздрав. Сево ова е многу тешко, изјави продеканот на Медицинскиот факултет.
Според нивните колеги, девојките биле вредни, одговорни и исполнителни.