Доколку ги забележите овие 5 знаци на вашиот андроид телефон, тоа значи дека е заразен со некој вирус.
1. Успорена работа на уредот
Во зависност од хардверските спецификации на уредот, вирусите можат да предизвикаат проблеми со перформансите. Секој кој имал некој вирус на PC знае како тие можат да го успорат системот. Вирусите можат да користат толкава сила на процесорот, што нема да ви преостане ништо друго освен неколку пати дневно да го рестартирате вашиот уред.
2.Голема сметка
Вирусите често без контрола праќаат СМС пораки од вашиот уред и тоа на посебни телефонски броеви кои дополнително се наплатуваат. Кога-тогаш на вашиот мобилен телефон ќе бие испратена само една порака во месецот за да не се посомневате, а некогаш во краток временски период од вашиот уред ќе бидат испратени поголем број на пораки. Ако ви се случи тоа можете да очекувате голема сметка, а тоа е сигурен знак дека уредот ви е заразен.
3.Краток животен век на батеријата
Секој кој често користи мобилен телефон отприлика знае колку му трае батеријата. Но, ако вашиот уред е заразен со вирус векот на батеријата е драстично намален, особено ако сте закачиле ‘adware’ кој против ваша волја повлекува реклами од интернет што многу ја троши батеријата.
4.Пропуштени повици
Мобилните вируси можат да влијаат на појдовните и дојдовните повици. Поголем број пропшуштени повици или пречки за време на повикот, можат да укажуваат на тоа дека телефонот е заразен. За да проверите за што се работи, повикајте го вашиот оператор и проверете дали пропуштените повици се лажни.
5. Зголемување на прометот на податоци
Слично како и кај телефонската сметка. Постојат вируси кои тајно го конзумираат прометот на податоците, а тоа е сигурен знак дека некој ја има контролата над вашиот уред.