Оваа девојка ќе умре ако многу учи (Фото)


Џенифер Лојд (17) од Манчестер боледува од ретка автоимуна болест поради која секој стрес кој го доживува може да ја доведе до смрт.

devojce uciИмено, станува збор за Едисонова болест, автоимуно пореметување поради кое имуниот систем на организмот поради било кој стрес, го напаѓа и уништува здравото ткиво, односно органите во телото.

Стресот при учењето е еден од факторите кој предизвикува напади кај оваа девојка. Доколку не прими терапија на време, Џенифер повраќа или се онесвестува, а ова пореметување може дури да предизвика и смрт.

„Болеста ме измачи. Мајка ми повеќе пати ме затекнала кога сум заспала, односно сум се онесвестила над книгата”, вели Џенифер која неколку испити ги спремала во болницата.

Иако е добар ученик, таа се откажала од Оксфорд или Кембриџ, бидејќи болеста која ја има таму би можело да ја убие. Таа истакнува дека избегнува непотребни стресни ситуации.

„Поради сето тоа морам да бидам поорганизирана од моите пријатели. Да правам редовни паузи во учењето”, вели девојката чија болест била откриена кога имала само 7 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1