Оваа девојка нема спомени


Рози Пали(18) од САД имала само 16 години кога доживеала огромен удар и добила енцефалитис, поради што не можела да се сети на своето минато. Таа сега се обидува да ги собере сите важни моменти од својот живот и се обидува да го „склопи“ своето детство, гледајќи фотографии.

devojka123Во август 2011 година, младата девојка паднала по скали, веднаш по падот е пренесена во болница. Кога се освестила, исплашената девојка не можела да ја препознае својата мајка и двајцата браќа. Го заборавила и своето омилено јадење, нејзиниот омилен бенд и фактот дека знае да јава коњ.

-Не можам да се сетам на ништо пред падот. Ги изгубив сите пријатели, бидејќи не се сеќавам на нив-изјавила Рози.

Рози сега е опкружена со семејството и со работите кои би можеле да и помогнат да и се врати сеќавањето.

-Кога ги гледам фотографиите, можам да забележам дека сум била среќна. Сега се обидувам да направам нови спомени- заклучила Рози.

Докторите велат дека има 4.000 нови случаи на оваа ретка болест во Велика Британија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1