Оваа снимка го покажува целиот ужас низ кој поминуваат спасителите на децата во Тајланд


Спасителите на Тајланд имаат тешка задача пред себе, тесните и мрачни тунели низ кои мора да се провлечат за да стигнат до момчињата заробени во пештерата. Враќањето е уште потешко.

Не само што мораат повторно сами да се провлекуваат низ матната вода и непристапниот терен, туку мораат на површина да ги извлечат децата кои не знаат да пливаат.

Ова видео најдобро покажува колку е опасен патот до површината.

Низ овие тунели нуркачите децата ги вадат кон површината врзани со јажиња. Засега седум од нив се успешно извлечени на површината, а во пештерата останаа уште петмина и нивниот тренер.

Акцијата за спасување ќе трае и утре, а дали и тогаш ќе заврши, зависи од брзината со која ќе ги извлечат децата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1