Сју Џанстефани има 47 години и до сега ги донирала својот бубрег, дел од црниот дроб и јајце клетки, а планира да донира и бел дроб. Оваа жена има огромно срце бидејќи ги донира органите без кои може да живее.
Сју прв пат донирала орган во 2001 година кога не било легално да се даде бубрег на непознато лице. Тогаш закачила оглас на интернет дека дава бубрег и тоа бесплатно. Се јавил шеесетгодишник од Колорадо кој денеска, благодарејќи на Сју, се уште е жив и во одлична здравствена состојба. Кога се прочуло за ова хумано дело, на Сју и се обратил пар од Австралија кој не можел да има деца, по што таа им донирала 27 јајце клетки.
Минатиот декември Сју го спасила и животот на двегодишно девојче кога и поклонила дел од својот црн дроб. Сега најхуманата жена на светот сака да донира и бел дроб, но бидејќи тоа не е дозволено во Англија, таа планира да ја направи операцијата во Америка.
– Пријателите и семејството не ја разбираат мојата одлука, но јас никогаш нема да се покаам. Јас го менувам животот на другите и чувството е фантастично. – Изјавила Сју.