Сериската љубовница, Британката Ли Ромеин (44) е деловна жена, која спие исклучиво со оженети мажи, бидејќи смета дека се подобри од другите затоа што сопругите ги истренирале.
– Ги сакам, бидејќи обично пред мене имале само една жена која ја задоволувале. Оженетите мажи се одлични. Тие ќе ви даваат комплименти, ќе ве водат во убави ресторани, ќе ве воодушевуваат со своите манири, а покрај сето тоа, ќе бидат и убаво облечени бидејќи нивните сопруги водат сметка за тоа, вели Ромеин.
Таа тврди дека нејзините мажи и се многу благодарни за она што го добиваат во кревет од неа. – Јас не сакам да им ги уништам браковите, јас всушност им ги подобрувам, бидејќи на мажите им го давам она што им недостасува. Неретко после мене имаат многу подобар секс со своите сопруги, ја пренесува „Д Сан“ изјавата на Ромеин.
Таа почнала со прељуба откако нејзиниот 28 години постар партнер станал импотентен поради болест. Починал откако минале осум години заедно.
– Јас сум многу атрактивна и енергична жена. Трчав маратон за да се ослободам од вишокот енергија. И тогаш наидов на веб страница на која оженети мажи сакаат авантура, но не сакаат да си ги растурат браковите. И така се почна. Затоа никогаш не сум се почувствувала виновна и така остана и до денес, вели таа.