Овие богаташи нема да им го остават наследството на своите деца (Фото)


Ќе ги потрошат парите на скапи автомобили, приватни авиони, вили и јахти, а на своите потомци им порачуваат дека мора сами да се снајдат и својот имот да го стекнат со сопствен труд, но има и такви кои своите милиони или милијарди ќе ги разделат по хуманитарни организации пред да починат.

covek pari„Бизнис Инсајдер“ состави листа од 15 тајкуни чии деца нема да го наследат нивното големо богатство.

1.Бизнис магнатот Ворен Бафет се зарече дека ќе донира 99 отсто од своето богатство во текот на својот живот или после смртта. Во свое писмо на Фондацијата Гејтс напишал: „На своите деца ќе им оставам доволно за да можат да работат што сакаат, но не доволно за да не работат ништо“.

2.Основачот на e-Bay, Пјер Омидиар, стана милијардер на 31 година, но својот живот го посвети на давање на оние кои немаат ништо, наместо на своите деца. Пред три години се обврза да дава средства на хуманитарните организации, а континуирано вложува во Omidyar Network, својата филантропска инвестициска фирма. Пјер и неговата сопруга Пем воедно се и најголемите поединечни приватни донатори во борбата против индустријата за трговија со луѓе.

3.Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, годишно за извршување на својата градска должност зема плата од 1 долар, но егзистенцијата му е обезбедена бидејќи има 19,5 милијарди долари. Тој исто така е истакнат филантроп кој донирал милиони на Универзитетот Џон Хопкинс и многу други непрофитабилни установи, а најави дека целото негово богатство во наредните години ќе биде разделено или доделено на неговата фондација. Еднаш изјавил дека „најдоброто финансиско планирање завршува со тоа да немаш доволно пари за да го исплатиш погребнината“.

4.Рок легендата Џин Симонс стекна богатство почнувајќи од нула. Роден е во Израел, а потоа со мајка му се преселува во Квинс и потоа го основа еден од најуспешните брендови на сите времиња, Kiss. Симонс сака и неговите деца, Ник и Софи, тоа да го доживеат. Пред неколку години изјави дека тие „ќе бидат згрижени, но никогаш нема да бидат богати од неговите пари, бидејќи секогаш ќе мораат да станат од креветот и да ги заработат своите пари“. Не се знае каде ќе завршат неговите 300 милиони долари, но изгледа нема да завршат на сметките на неговите деца.

5.Најбогатата жена во Австралија, Џина Ринехарт, не сака богатството да го остави на своите деца, иако таа успешната фирма ја наследила од својот татко, Ланг Хенкок. Нејзините деца исто така се наведени во тестаментот на нивниот дедо, но Џина не смета дека тие четворица се способни да управуваат со семејното наследство.

6.Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, е еден од најбогатите луѓе на светот, но тој и неговата сопруга Мелинда не планираат целото богатство да го задржат за себе и своите три деца. Пред три години за „The Sun“ рече оти знае дека не е добра идејата да ги остави сите пари на своите деца. Наместо тоа, Бил и Мелинда уште во 1944 година ја основаа фондацијата „Гејтс“, која денес располага со неверојатни 37 милијарди долари. Тие исто така ја покренаа и програмата „The Giving Pledge“, која ги повикува другите имотни поединци половина од своето богатство да го донираат во добротворни цели.

7.Актерот Џеки Чен во 2011 година изјави дека половина од своето богатство ќе го донира во добротворни цели после смртта. Додаде дека на својот син нема да му остави ништо од своите заработени милиони: „Ако е способен, ќе заработи свои пари. Ако не е, тогаш само ќе ги троши моите“.

8.Бизнисменот Чак Фини е основач на Duty-Free Shoppers Group, а беше и милијардер во доцните осумдесетти години, се додека целото богатство не го префрли во фондацијата Atlantic Philanthropies. Пред да го раздаде богатството, своите деца ги научи одговорно да се однесуваат кон парите, ги поттикнуваше да работат во текот на празниците, да заработуваат свој џепарлак, како и да работат во текот на студирањето. Се верува дека денес Фини не поседува ниту сопствена куќа и автомобил.

9.Британската готвачка Најџела Лосон, воедно е и авторка на бестселер и познато телевизиско лице, а тоа и овозможи да стане милионерка и пред да се омажи за тајкунот Чарлс Шаци. Иако израснала во богато семејство, таа не сака тоа да им го приушти на своите деца, тврдејќи дека луѓето стануваат расипани доколку не мора да заработуваат пари.

10.Нафтениот магнат Ти Бун Пикенс има богатство од 1,4 милијарди долари. Тој исто така се обврза барем половина од тоа богатство да заврши во рацете на хуманитарните организации. На прашањето дали ќе остави нешто и на своите деца, одговори: „Сакам да заработувам пари и сакам да давам…Не сум голем љубител на наследеното богатство, бидејќи тоа повеќе штети отколку што користи“.

11. Режисерот и продуцент Џорџ Лукас ветил дека до смртта ќе донира половина од богатството, повеќето во образовни цели. Лукас, татко на четири деца, одлучил да донира во добротворни организации и четири милијарди долари кои ги добил од компанијата Дизни.

 

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1