Пеѓа Меденица и Катарина Груиќ избегнаа трагедија на петок 13, ноќта кога ја чекаа православната нова година.
На Меденица му го откажале настапот откако се судриле два земунски сплава. До незгодата дошло кога мраз удрил во „Акапулко“, кој се откачил и удрил во соседниот сплав „Амфора“. Гостите веднаш се евакуирани, и за среќа никој не е повреден. Пеѓа по секоја цена сакал добро да се забавува, па со Андреана Чекиќ која исто така останала без тезга во Крагуевац поради лошите временски прилики, отишле на настапот на Катарина Грујиќ во една од белградските кафеани.
Дури и Пеѓа и Андреана се фатиле за микрофоните и ја замениле колешката која претходно пеела без престан. Меѓутоа и тука им се случил малер.
Зоради лошото време, таванот од кафеаната почнал да се распаѓа пред бината.
Вработените веднаш реагирале и го решиле проблемот, додека Каќа без оглед на се, го продолжила настапот и професионално истуркала до крај.