1. Технички инженер – Техничките инженери може да очекуваат 8.4% покачување, а нивните должности вклучуваат: учество во презентации како технички експерт, утврдување на технички потреби за исполнување на целите на клиентите итн.
2. Развивачи на мобилни апликации – Развивачите на апликации секогаш имаат предност особено кај компании кои сакаат да се промовираат. Должностите вклучуваат:кодирање, тестирање, документирање и следење на мобилни апликации.
3. Развивачи на софтвери – Обврските на овие развивачи вклучуваат: кодирање, тестирање и дебагирање програми, промена, проширување и ажурирање на апликации, комуникација со тимот на аналитичари, инженери и тестирање за обезбедување на подобар квалитет како и документирање на развојот на апликации.
4. Софтверски инженер – Софтверските инженери мораат да имаат широко искуство во информациски системи, а нивните должности се создавање на инженерски спецификации за софтверски програми и апликации; развивање на софтверско тестирање, соработка со инженерите на хардвери за тестирање и интеракција на софтверот.
5. Аналитичар на деловна интелигенција – Од овие аналитичари се очекува да извршуваат должности кои вклучуваат дизајнирање и развој на широката анализа на податоците на компанијата, разгледување и анализирање на податоците од разни внатрешни и надворешни извори.
6. Архитект за податоци – Архитектот за податоци треба да поседува аналитички и креативни вештини, заедно со детално познавање на системите за податоци и базата на податоци како и методологија, дизајнирање и моделирање.
7. Програмерски аналитичар – Способноста да се разберат апликациите од техничка перспектива како и бизнис гледна точка е неопходна вештина кај програмерските аналитичари. Нивните должности вклучуваат: анализа на бизнис апликации потребни за функционални области како финансии, производство, маркетинг и човечки ресурси, кодирање, тестирање и дебагирање на софтверски апликации итн.
8. Инженер за безжична мрежа – Се очекува оваа професија да добие зголемување на платата за 7%. Должностите вклучуваат: истражување, дизајнирање и имплементирање на безжични мрежи, барање ресурси за мрежата на хардвер и софтвер, препорака за оптимизација на безжична мрежа, надградба итн.
9. Мрежен инженер – Оваа позиција се очекува да добие зголемување на платата за 6.9%. Должностите вклучуваат: инжинеринг на податоците на компанијата, видео и гласовни мрежи, воспоставување и оперирање со тестови за мрежата на компанијата, одржување сигурен пренос на податоци на различни локации низ внатрешните и надворешните мрежи.
10. Технички развивач – Оваа позиција бара веднаш да идентификуваате технички проблем во ERP апликации, да ги оцените потенцијалните влијанија и да помогнете во дизајнирање на решенија. Должностите вклучуваат: анализа, дизајн, кодирање и тестирање на ERP производството.
Извор: Факултети