Овие земји ќе исчезнат кога ќе се стопи мразот


Магазинот Национал Географик прикажа како би изгледал светот доколку на Земјата би се стопил целиот мраз на половите, покренувајќи го нивото на морето за неверојатни 65 метри. Кои делови од земјата ќе исчезнат, можете да видите на картите

mapa zemji poplaveniСеверна Америка-Целокупното Атланско крајбрежје би исчезнало. Сан Франциско би станало збир од острови, а Калифорнискиот залив би се проширил кон северот, до Сан Диего, кој повеќе не би постоел.

Јужна Америка-Басенот на реката Амазон, би станал влез за Атланскиот океан, што би довело до исчезнување на Буенос Аирес, Уругвај и голем дел од Парагвај. Планинските делови би го преживеале овој „напад“ на вода, заедно со карипското крајбрежје и Централна Америка.

Африка-Во споредба со другите континенти, Африка би изгубила значително помалку земја во оваа катастрофа. Во Египет, Александрија и Каиро, би биле претворени во мочуришта со покренувањето на нивото на морето во Медитеранот.

Европа-Лондон би станал само сеќавање, додека морето повторно ќе ја преземе Венеција. Ова катастрофално сценарио исто така би ги однело Холандија и Данска.

Азија-Земјата во која живеат 600 милиони Кинези би била поплавена како и Бангладеш со своите 160 милиони жители, заедно со добар дел од крајбрежна Индија.

Австралија-Поголем дел од Австралија ја сочинуваат пустини, така што овој континент би добил ново море во самиот центар, но и би изгубил дел од крајбрежните подрачја, каде денес живее најголем дел од популацијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1