Тој е дел од повратниците од боиштата на Блискиот Исток и е осомничен за повеќе тешки дела на територијата во БиХ
Американскиот портал „Ветернас тудеј“ објави напис во кој се тврди дека државјанинот на БиХ Езхер Бегановиќ е главната врска за терористичките напади во Париз и во Брисел.
Порталот се повикува на информации на Викиликс, и тврди дека Бегановиќ од порано е познат како дел од терористичка група, која во БиХ учествувала во поставување на експозив и напади врз полицајци и негови противници.
Бегановиќ е еден од осомничените во врска со терористичките организации и екстремните групи кои блиско соработуваат со Фатмир Алиспахиќ, Абдусамед Насуф Бушатлиќ и Семир Имамовиќ, се наведува во објавениот напис, кои ги пренесува Вечерњи лист, изданието за БиХ.