Овој човек си инјектирал ебола НАМЕРНО во обид да се бори против смртоносната болест!


Питер Хабард е дел од клиничкото испитување кое се обидува да најде вакцина против вирусот кој досега покоси илјадници животи ширум Африка.

Питер Хабард изјавил дека тој се надева дека преземањето на ризикот ќе помогне во создавањето на вакцина за спречување на понатамошни случаи на оваа ужасна болест која покоси илјадници животи низ Африка.dobrovolno-si-vbrizgal-ebola-vo-sebe-za-testiranja-1

Зборувајќи од неговиот стан во Александрија, Вирџинија, Г-дин Хубарт, консултант кој работи со природен гас изјавил: “Чувствувам голема сатисфакција од фактот дека ова евентаулно би можело да се развие во одржлива вакцина која би спречила во иднина нова епидемија на ебола, па ова е навистина голем + во мојата биографија.”

Г-дин Хубард, 35, е еден од 20-те луѓе кои земаа учество во клиничките испитувања за вакцината во Националниот институт за здравство (NIH) во САД.

Вакцината ја развиваат GlaxoSmithKline и NIH и е составена од вирус на настинка, наречен аденовирус кој ќе носи дополнително две гени од вирусот ебола.

Тестирањата врз животни покажале дека кога аденовирусот ги инфицира клетките, гените ебола произведуваат безопасни протеини кои го стимулираат имунолошкиот систем да произведува антитела против оваа смртоносна болест.

И покрај тоа што тој бил инјектиран со дел од вирусот уште на 9-ти септември, Хубард открива дека се чувствувал одлично и дека дури учествувал на маратон.

Хубард исто така открил дека ова му е петти пат да учествува во истражување за вакцина откако претходно бил субјект на тестирања за вакцини за маларија, ХИВ, чикунгнија и H1N1.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1