Овој сокол повторно ќе може да лета – му вградиле вештачки леќи


На четиригодишниот сокол Банер кој престанал да лета поради губење на видот, во САД му е извршено оперативно лекување на катаракта.

Птицата која го изгубила видот пред две години и веќе не можела да лета и да лови, добила нови вештачки леќи, кои специјално ги изработила една канадска компанија, пишуваат американските медиуми.sokol-698x357

Ова е прва таква операција на сокол, велат неговите сопственици од школата за соколарство во Њу Хемпшир. Банер неколку седмици ќе користи капки за очи, а после тоа се очекува повторно да може да лета.

Сопственичката на Банер, Ненси Коувен, една година ги спојувала луѓето ширум светот во тим, кој на крај изработил леќи. Тие се дело на компанијата „I-Med Animal Health“, а Коувен смета дека ако му помогнат на соколот – тоа ќе биде од корист и на други животни, како и на луѓето, со одредени прилагодувања.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1