Овците во Сопот угинале од Листериоза


„Листериоза“ е причина за угинувањето на овците и козите од одгледувалиштето во кумановското село Сопот, каде од декември минатата година досега угинаа 175 животни, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по добиените резултати од анализите.

Болеста ја предизвикува бактеријата листериа која со анализите беше детектирана и во ткивата на угинатите животни и во мострите од добиточна храна.koze-ovci500

– Со ова се потврди сомнежот на надлежното ветеринарно друштво од Куманово и претставниците од Агенцијата за храна и ветеринарство дека причинител за угинувањето е оваа болест, информира АХВ.

При последната посета на одгледувалиштето од страна на претставници од АХВ, завчера, утврдено е дека нема новозаболени животни и дека се подобрува здравствената состојба кај заболените.

Бактеријата листериа е често застапена во почвата и, иако ретко, може да предизвика заболување со сериозни последици како кај одгледувачот од Сопот. Животните кои ги чувал се заразиле со јадење контаминирана силажа која во најголем број случаи е извор на листериа, особено во зимските и раните пролетни месеци. Периодот на инкубација изнесува 2-3 недели и одгледувачот, без да биде свесен за проблемот, продолжил да ги храни животните со контамирана силажа се до појавувањето на симптомите.

– Бидејќи за одгледувалиштето беа изречени мерки за забрана за движење на стадото и чистење и дезинфекција на шталата, како и обврска на одгледувачот за редовно пријавување на угинатите животни до надлежното ветеринарно друштво, со добивањето на наодот на одгледувачот му е доделено ново решение за забрана за движење со кое се налажуваат и мерки на заштита на животните како и на лицата кои се во контакт со истите. Мерките ќе останат на сила се додека не измине периодот за инкубација на болеста од последниот случај на појава на клиничка слика, односно од угинување на животно, стои во соопштението од Агенцијата за ветеринарство. .

АХВ уверува дека одгледувачот кај кој се појави „листериоза“, применува соодветни зоотехнички и био-сигурносни мерки, ревносно ја спроведува Годишната програма за здравствена заштита на животните со што претставува пример за останатите одгледувачи на овци и кози.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1