Некаде меѓу 2050. и 2075 тата година поголемиот дел од озонската обвивка ќе биде регенериран, соопштија од Светската метеоролошка организација.
Значи ќе можеме безбедно да се сончаме, се разбира ако дотогаш не ја уништиме целосно планетата :). Според метеоролозите, во 2075 тата година озонската обвивка ќе биде во онаква состојба каква што била пред 80 тите години на минатиот век. Во извештајот изработен по повод 25 годишнината од „Монтреалскиот договор за штетните супстанци врз озонската обвивка“ учествувале 250 научници од целиот свет. Според извештајот, обновувањето на озонот над Антартикот ќе трае до 2065 тата година. Таму се наоѓа една од озонските дупки со големина на САД. во 1970 година открија дека озонската обвивка се намалува во просторот над Јужниот пол
Во најголем дел виновници за уништувањето на озонската обвивка се хемикалии кои се користат во системите за ладење и системите за заштита од пожари. Од 1995 година, 16 септември во светот се одбележува како Меѓународен ден за заштита и зачувување на озонската обвивка.