Падна договор меѓу Србија и Косово – прифатени биле сите предлози на Србија


ivica-dacic-hasim-taci-1365708197-295355Делегациите на Србија и на Косово во Брисел го потпишаа Договорот за наромализација на односите.

„Договорот е усогласен и парафиран. Многу сум задоволна”, изјави пред новинарите високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика Кетрин Ештон.

Според дипломатски извори, на маса бил договор од 15 точки предложен од Ештон, земајќи ги в предвид позициите на двете страни.

kosovo pregovoriСпоред Радио Телевизија Србија, прифатени се сите српски предлози.

Имено, заедницата на српските општини во Косово ќе има претседател, потпретседател и Совет, како и право да избира регионален командант на полицијата, но и локални команданти во четири општини на северот, како и на југот, односно секаде каде што според етничкиот состав Србите се мнозинство, јавуваат дел од српските медиуми.

Веста прва ја јави косовската министерка Влора Читаку, која на Твитер задоволно напиша: „Белиот чад излезе надвор. Среќа“!

dogovor srbija

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1