Падна екс градоначлникот на Македонска каменица – ќе одговара за злосторничко здружување


Секторот за внатрешни работи – Штип до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против П.М.(54) поранешен градоначалник на општина Македонска Каменица, Љ.С.(53) од Македонска Каменица, Н.Б.(58) од село Чифлик, општина Пехчево, Д.П.(44), М.А.(32), Т.А.(34), Г.А.М.(39), С.М.(47), сите од Македонска Каменица и В.Т.(54) од Кочани поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „фалсификување исправа“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „помагање“.

apsenje lisici policija

Како што информира МВР, П.М. во 2006 година како актуелен градоначалник на Македонска Каменица со намера да се стекне со противправна имотна корист – недвижност – управна зграда на РОЦ „Саса“ АД во стечај заедно со пријавените Љ.С., Н.Б. и В.Т. создале група злосторничко здружување за извршување повеќе кривични дела. За таа цел на 8 мај 2006 година Љ.С. и Н.Б. ја основале фирмата „МК-Кама“ ДОО Македонска Каменица , а во договор со  В.Т. (стечаен управник на РОЦ Саса во стечај во тој период)  организирале продажба на управната зграда без притоа да го евидентираат приземјето.

Првопријавениот како градоначалник на општина Македонска Каменица најпрвин преку Советот на општината донел одлука за купување 50  отсто од управната зграда, а  подоцна без одлука на Советот самоиницијативно и без образложение ја повлекол, со цел правното лице „МК Кама“ да може да ја купи целата зграда, така што откако се стекнала со сопственост на целата зграда, со купопродажни договори ја префрлиле на дел од пријавените меѓу кои и градоначалникот кој се стекнал со 25 отсто од истата, а без да уплати парични средства.

Во текот на 2007 година иако знаеле дека не се сопственици на дел од приземјето поднеле барање за пренамена – адаптација до општината по што првопријавениот П.М. злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување иако знаел дека го немаат купено овој простор изготвил и потпишал одобренија за пренамена.

Првопријавениот П.М. и  М.А.,Т.А.,Г.А.М. и С.М се стекнале со противправна имотна корист од 15.739.326 денари и со недвижност приземје од управната зграда со површина од 245 метри квадратни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1