Падна пресудата за кражбата во Музеј на Македонија, вкупно 31 година затвор


Вкупно триесет и една година затвор им изрече денеска скопскиот Кривичен суд на седуммината обвинети за кражба на артефакти од Музејот на Македонија.muzej-na-makedonija

Највисока казна од 8 години и 8 месеци доби поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски. На Златко Видевски му се пресудени 6 години и 8 месеци, на Софка Кушовска 3 години, на златарот Часлав Кузмановиќ судот му пресуди 7 години и 8 месеци затвор, на Јован Кондијанов 3 години, а Дарко Кржовски и Андреј Ежов добија по една година.

На обвинетите во затворската казна им се пресметува и времето што го поминаа во притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1