На ски центрите Попова Шапка и Маврово конечно заврна снег. Останува да видиме уште колку снег ќе наврне до крајот на денот, но засега не е доволно за да се отпочне ски сезоната.
Според Автомотосојузот на Македонија, врнежи од слаб снег се бележат и на планинските премини Стража и Плетвар. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд.